Стартува 8-то издание на Nasa Space Apps Challenge 2020

- Advertisement -

Учесниците ќе можат да разговараат со 5 ексклузивни говорници од NASA, JPL, Google, Blue Origin и MIT

Овој викенд Скопје ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, NASA Space Apps Challenge на кој ќе земат учество над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на 5 континенти.

Официјалниот почеток од страна на глобалните организатори е закажан за вечерва од 20.00 часот со виртуелното гостување на NASA Астронаутот Mary Cleave која остварила 2 мисии во Вселената. Нејзиното обраќање ќе може да го проследи целата јавност на YouTube каналот на настанот https://m.youtube.com/c/NASASpaceAppsChallenge/videos

- Advertisement -

NASA Space Apps Challenge оваа година кај нас ќе се одржи по 8-ми пат во организација на Њуменс Бизнис Акцелератор од 3ти до 4-ти октомври 2020, за прв пат ќе биде во форма на комплетно виртуелен настан заради безбедност на сите учесници. Настанот традиционално е поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

Реализацијата ќе биде овозможена од глобална виртуелна форма преку која можат да се формираат тимовите, заеднички да се работи на решенијата, а учесниците ќе можат и директно да разговараат со локалните ментори, експертите од NASA, и другите вселенски агенции како ESA, CNES, JAXA и CSA кои ги креираа овогодинешните предизвици.

- Advertisement -

Пријавувањето е отворено до утре (сабота, 3 октомври, 9:00 часот) и може да го направите индивидуално или со тим на https://forms.gle/YyiB4xjhjookojqS7 или на глобалната страна https://2020.spaceappschallenge.org/locations/skopje/

Дополнително по 6-ти пат се организира и натпревар за најмладите NASA Kids & Youth Space Challenge за сите на возраст од 4 до 14 години, со можност поискусните да се натпреваруваат на таканаречени “Младински предизвици” и да влезат во конкуренција со повозрасните за глобалната награда посета на NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД.

- Advertisement -

Посебна чест ни е што може да најавиме и претставиме 5 инспиративни, уникатни гости за локацијата Скопје со кои учесниците ќе можат директно да разговараат и да им поставуваат прашања за нивниот едукативен и Кариерен пат. Имено, тимот на Њуменс Бизнис Акцелераторот специјално за учесниците на овогодинешниот хакатон, ви ги претставува виртуелните гостувања на:

1. Maya Nasr, Аеrospace докторант на MIT, која работи на Mars Oxygen ISRU експеримент за NASA Jet Propulsion Lab’ Mars 2020 мисијата (најновиот Perseverance Ровер) која потекнува од Либан но успева да добие стипендија на 16 години и да замине во Америка – сабота, 3 октомври од 15.00 часот

2. Kenny Vassigh, Senior Technical Program Manager во Google и Програмски и Проектен Менаџер во NASA Ames Истражувачкиот центар во период од 12 години – сабота, 3 октомври од 18.00 часот

3. Nicholas Skytland, Заменик Шеф, за Технолошки Истражувања во NASA, кој работи на најновата Артемис Мисија која има за цел да го донесе следниот маж или жена на Месечината најдоцна до 2024 година – сабота, 3 октомври од 22.00 часот

4. Max Fagin, Aerospace Systems Engineer во Blue Origin (Вселенската компанија на Jeff Bezos), Commander at the Mars Desert Research Station и еден од основачите на светски познатиот стартап Made in Space – кој изработува 3D алатки во Вселената за астронаутите кои живеат во Меѓународната Вселенска Станица – недела, 4 октомври од 21.00 часот

5. Deborah Diaz, Chief Technology Officer на NASA од 2009 до 2016 година која е сега е член на Бордот на Директори на DELL и INTEL – среда, 7 октомври за време на Официјалното Прогласување на локалните Победници на натпреварот

Во продолжение е и официјалната програма за претстојниот хакатон:

1. Официјално онлајн отворање на NASA Space Apps Challenge локација Скопје: 3

октомври, сабота, од 9:00 часот

2. Официјално онлајн отворање на NASA KIDS Space Challenge: 3 октомври, сабота, 10:30 часот

3. Презентации и претставување на решенијата на секој од тимовите пред Жири комисија: 4 октомври, недела,17:00-21:00 часот

4. Официјална церемонија за доделување на наградите: среда (дополнително ќе се прецизира и објави точниот термин и начин на одржување виртуелно или во живо во зависност од состојбата со Covid-19).

Локални Победници и Глобална Награда

Ќе бидат прогласени 3те најдобри победнички тимови за локацијата Скопје, МКД кои ќе добијат трофеи и награди обезбедени во соработка со Sony, а ќе бидат номинирани и за една од 6-те глобални награди од NASA со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета, по отворањето на границите со САД.

Следете не’ за редовни апдејти на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https:// www.facebook.com/NewMansBA

Сподели!
- Advertisement -