JP Morgan Chase предвидува: нашите деца ќе работат само 3 дена и ќе живеат 100 години

- Advertisement -

Предвидувањата на диртекторот на најголемата американска банка, JP Morgan Chase, Џејми Дејмон, велат дека нашите деца ќе работат по само 3дена неделно благодарение на вештачката интелигенција. Дајмон неодамна во интервју за Bloomberg зборуваше за вештачката интелигенција која влијае на работните услови. Тој рече дека вештачката интелигенција помага да се елиминираат некои од досаадните елементи на работниот ден и дека некои работи веројатно целосно ќе бидат заменети од технологија.

„Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да имаат рак поради технологијата, а веројатно ќе работат по 3 дена неделно“ изјави тој за Bloomberg.

- Advertisement -

И покрај тоа што некои услуги застаруваат, предвидувањата на директорот на JPMorgan покажуваат дека вештачката интелигенција ќе го подобри квалитетот на животот за идните генерации работнции, ќе донесе повеќе слободно време. Тоа, исто така, ќе влијае на финансиската индустрија, но и на сите аспекти на бизнисот, вели тој.

„Секој поединечен процес, грепка, тргување, хеџинг, истражување, секоја апликација, секоја база на податоци може да се примени на AI. Значи, тоа мое да биде како копилот, можеби и ќе ги замени луѓето“, вели Дајмон, но ветува дека JPMorgan ќе го прераспореди секој работник чија работа ќе ја замени AI

- Advertisement -

Дајмон не е сам во овие предвидувања, пишува Business Insider. Многу економисти веруваат дека со развојот на ChatGPT идејата за четиридневна работна недела е се поверојатна. ChatGPT може да помогне во задачите како пишување проценки, податоци, имејлови и други работи со кои ќе ја замени физичката работна сила.

Компаниите кои досега имаат тестирано четиридневна работна недела имаа позитивни резултати. Работниците беа посреќни и попродуктивни и пријавија пониски нивоа на стрес и прегорување. Компаниите дури забележаа и зголемување на приходите затоа што работниците биле поефикасни.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, многу политичари, економисти, работнци и заговорници на менталното здравје ја поздравија идејата за пократка работна недела, а одделни влади направја и тестирање на овој модел. Сепак, има и луѓе кои се загрижени дека вештачката интелигенција целосно ќе им ја преземе работата.

Goldman Saks предвидува дека 300 милиони работни места со полно работно време ќе бидат под влијание на вештачката интелигенција, главно на полето на технологијата, финансиите и правото,но нема сите да бидат целосно елиминирани, туку најверојатно ќе се смени целосно начинот на кој се врши работата.

(Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -