Јапонија планира до 2023 година да има комерцијални летачки такси

- Advertisement -

Јапонската компанија SkyDrive го разви летачкото возило eVTOL, кое моментално се тестира. Основан во 2018 година, стартапот со седиште во Токио се фокусира на дизајн, развој и производство на летачки возила. Компанијата склучи договор со Toyota City во 2019 година за искористување на развојната база со површина од 10,000 м2 и полигони за тестирање.

Стартапот направи прототип SD-XX со две седишта со по два пропелери на четирите агли на возилот. Леталото е опремено со електрична батерија и инженерите се надеваат дека ќе можат да ја лансираат комерцијалната верзија која ќе може да се движи со максимум 60 км/ч и максимален досег од 2-30 км.

- Advertisement -

Првиот тест во надворешни услови без пилот бил направен во декември 2018 година, а со пилот во декември 2019 и во март 2020 година. Сега компанијата работи на подобрување на техничкиот дизајн на возилото.

Тие се надеваат дека во наредните неколку години ќе имаат комерцијална верзија на леталото. Ова можеби изгледа амбициозно, но јапонската влада ќе ги поддржи нивните проекти со цел првите безбедни и функционални летала да се најдат на пазарот до 2023 година. Ако се оди според планот, автономните беспилотни летала ќе бидат достапни за јавноста по цена слична на обичните најдоцна до 2028 година.

- Advertisement -

Осака или Токио се првите региони каде што може да се воведат летачки такси. SkyDrive планира да наплаќа помалку за возење со нив отколку што чини летање со хеликоптер.

(ZDNet)

Сподели!
- Advertisement -