Нова студија откри колку чекори навистина се потребни за намалување на ризикот од смртност

- Advertisement -

Сите познаваме барем една личност која постојано ги брои чекорите кои ги поминала во текот на денот за да дознае уште колку и требаат до 10.000. Таа бројка изгледа многу, но на една просечна личност и се потребни 80 до 150 минути. Сепак, дали навистина треба да изодиме толку за да си го подобриме здравјето.

- Advertisement -

Врз база на новата мета-студија, која опфаќа 17 различни истражувања во кои учествувале дури 227.000 испитаници, одговорот е НЕ. Меѓународен ти од научници ја објави студијата во Европското списание за превентивна кардиологија и го потврдија она во што многумина од нас се сомневаа или на што се надеваа – бенефити за здравјето може да има и многу помал број чекори дневно.

Анализата открила дека 4.000 чекори дневно се доволно за да се намали просечната смртност, а само 2.400 чекори се доволно за да се намали ризикот од смрт предизвикан од кардиоваскуларните болести. Се разбира, што повеќе чекори, тоа подобро.

- Advertisement -

Сепак, дали бројката од 10.000 чекори е бесмислена? Всушност, не е, затоа што постојат повеќе анализи кои покажуваат дека оваа бројка е битен предуслов за успех, посебно за намалување на крвниот притисок и индексот на телесната маса. Исто така, Американскиот центар за контрола  и превенција на болести моментално преоорачуваат повеќе од возрасните да тежнеат кон целта од 10.000 чекори за подобро општо здравје. Всушност, таа бројка од 10.000 чекори доаѓа од јапонската маркетиншка кампања за педометар пред Олимписките игри  во Токио во 1964 година.

 (Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -