Статистика пресмета пораст на БДП од 2,2%

- Advertisement -

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2022 година изнесувал 803.141 милион денари и во однос на 2021 година е номинално зголемен за 10,1 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2022, во однос на 2021 година изнесува 2.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19,2 % во структурата на БДП во 2022 година имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

- Advertisement -

Финалната потрошувачка во 2022 година во структурата на БДП учествува со 84,9 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2022 година изнесува 74 %. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2022 година изнесува 188.980 милиони денари.

- Advertisement -

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56,8 %, машините и опремата со 33,1 %, а останатите инвестиции со 10 %.

Фото – Public Domain Pictures

Сподели!
- Advertisement -