Следниот четврток се одржува настанот “Жени претприемачки” и се избира “Жена на годината 2021”

- Advertisement -

Следниот четврток (16.12.2021) со почеток од 10 часот во Рагуза360 во Скопје, по четврти пат ќе се оддржи настанот “Жени претприемачки” во чиј склоп ќе бидат доделени и наградите во 10 категории во националниот избор за “Жена на годината 2021” (zenanagodinata.mk).

Во конференцискиот дел ќе има излагање на 4 презентери кои доаѓаат од различни сегменти на деловниот свет, кои со присутните ќе ги споделат своите претприемачки експедиции и предизвиците со кои се соочувале на својот пат.

- Advertisement -

Овогодишни презентери на настанот ќе бидат: Зори Јаколин (претприемачка од Словенија), Верица Јорданова (основач и уредник на Иновативност.мк), Гордана Тасевска (БАС академија) и Јосиф Дамјанов (советник за здрав живот, ко-основач на FitKit)

- Advertisement -

Настанот “Жени претприемачки” не само што го величи претприемачкиот дух на жената, туку го величи и нејзиното влијание во секој домен на нашите животи – нудејќи платформа за запознавање меѓу жените и споделување на бизнис и животните искуства.

Повеќе за самиот настан и можностите за учество можете да прочитате на следниов ЛИНК., а за дополнителни информации можете да се обратите на events@kasia.mk или 070 391 921.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -