Рецептот за успех е во љубовта кон работата, професионалноста и лојалноста кон потрошувачот!

- Advertisement -

Почетокот на приказната за „ДОНА“ е пред околу 14 години. Првите раскази од приказната почнаа да се „пишуваат“ во еден од објектите во нашиот добро познат и еден од најстарите трговски центри – Градскиот Трговски Центар (ГТЦ). Тоа беа времиња кога во Скопје не постоеа молови и ’шопинг еуфоријата” беше токму во ГТЦ. Голема фреквенција на луѓе на дневна основа, позитивна енергија и многу задоволни потрошувачи.

Вака започнува успешната бизнис приказна на Розица Кировска Станковска која трае до ден денешен.

„По краток период од како почнав со овој бизнис, се отвори потреба за проширување но и зголемување на асортиманот, а со тоа и потреба од соодветен локал со соодветна квадратура. За многу краток период го договорив локалот, исто во ГТЦ на вториот кат, впрочем каде што беше и шопинг центарот од каде што почнав. Овде продолживме да ја доиспишуваме приказната за „ДОНА“. Неизмерна поддршка ми беше моето семејство и мојот партнер во тоа време, а денес мој сопруг, како и мојата драга Пенка Мукаетова која беше тука за секое мое барање и потреба од полето на административни и консалтинг услуги. Таа успешна соработка трае и ден денес. За името на бутикот немав дилема, му го дадов од значењето на италијанскиот збор“ DONNA“, во превод дама, жена, а и водејќи се од мојата голема пасија и љубов кон италијанскиот јазик затоа што дипломирав италијански јазиј и сум судски преведувач. На почетокот бутик „ДОНА“ беше со помала квадратура, од околу 50 м2, за по околу 3 години повторно да се појави потреба од зголемување на просторот на околу 100 м2.

- Advertisement -

Koи се клучните предизвици во водењето бизнис?

Предизвиците ни се секојдневие, особено сега кога условно речено „секој ден” се отвораат нови молови. Предизвик се лојалната и нелојалната конкуренција. Кога зборувам за нелојална конкуренција, мислам на многуте онлаjн (on – line) страници кои нудат облека со сомнителен квалитет изрекламирана со профи фотографии симнати од интернет, при што не плаќаат никакви даноци кон државата (секоја чест кон оние малку кои работат регуларно). После КОВИД пандемијата се јави и реален проблем околу соодветен персонал за работа не само во нашата дејност, туку и во речиси сите останати дејности во државата. Ова е сериозен предизвик за сите сопственици и менаџерски тимови во македонските компании. Благодарение на нашите долгогодишни задоволни потрошувачи, а среќна сум што имаме и многу нови, успеваме да се избориме со сите предизвици и успешно да опстоиме на пазарот сите овие години. Да не заборавам да ја споменам и КОВИД пандемијата која буквално не “парализираше” во работата, но успеавме и тој предизвик да го надминеме.

Тешко ли е да се биде жена-претприемач?

- Advertisement -

Среќна сум што во последните неколку години и во Македонија се развива но и јавно се говори за женското претприемаштвото, а со тоа и се отворија големи можности за секоја жена која се чувствува подготвена да заплива во водите на свој сопствен бизнис, да го направи тоа. Имаме позитивна клима за работа во нашата држава, само треба добра идеја и упорност за да се стигне до реализација на истата.

Земајќи ја предвид економската ситуација во нашата држава па и инфлацијата која речиси секој граѓанин ја почувствува и сè уште ја чувствуваме, многу е тешко да се најдат соодветни механизми за успешна работа во моментот. Ова го велам затоа што ние директно зависиме од куповната моќ на потрошувачите. Цените на репроматеријалите во мојата дејност се зголемија, со тоа се зголемија и набавните цени и секако крајната продажна цена. Покрај сето ова што го споменав, сите тешкотии и предизвици со кои секојдневно се соочуваме, за успех пресудна е пред сè љубовта кон работата, професионалниот пристап, лојалноста кон потрошувачот и константниот квалитет кој го нудиме.

Јас ги обожувам нашите Македонки. Во принцип скромни, ги следат светските модни трендови, но и голем дел од нив се држат до сопствениот стил и начин на облекување, без разлика што во моментот е „ин „во модата.

- Advertisement -

Како ја оценувате годината што одминува и кои ви се следните планови?

Морам да бидам искрена, годината што ни одминува беше успешна година за бутик „ДОНА “. Внесовме нови фирми во нашата понуда, секогаш имаме нови модели, избор на модели и за тинејџерки, девојки, за госпоѓи и за повозрасни како и големи броеви и за покрупни дами. Она што можам да го ветам е дека ќе ја зголемиме понудата со уште неколку фирми со кои сме во тековни преговори, а секако ги задржуваме веќе постоечките кои се со долгогодишен докажан квалитет.

За крај, големо благодарам за поканата за интервју на вашиот исклучително успешен сајт. Ви посакувам уште долги години успешно да опстојувате на пазарот. Особена благодарност и до Консалтинг Интер Груп и Медиа Консалтинг а досегашната успешна соработка.

Сподели!
- Advertisement -