Научници веруваат дека замрзнат премин, формиран од морски лед, можел да ја олесни миграцијата на луѓето од Сибир над 10.000 години порано откколку што се верувало досега. Оваа идеја се базира на анализата на седиментите и фосилизираниот морски свет која ја направиле научници од US Geological Survey, Woods Hole Oceanographic Institution и Државниот универзитет Орегон. Оттаму сугерираат дека рамните пространства на морски лед може да играат клучна улога во овозможување на патување кога пловењето њо брод е опасно.
Со децении се мислеше дека народот Кловис се првите населеници во Северна Америка и дека таму стигнале пред околу 13.000 години. Меѓутоа, неодамнешното откритие ја доведува во прашање хипотезата за Кловис и ја проширува временската рамка на присуство на луѓе во Северна Америка на над 25.000 години.
Додека хипотезата за автопатишта од морска трева предлага кркајбрежни екосистеми и миграција овозможена со чамци, населбата на западниот брег на Канада стара 14.000 години сугерира дека луѓе пред народот Кловис патувале крај брегот. Студија од 2020 година сугерира дека топлите периоди можеле да ја стопираат миграцијата поради промените во морските струи како резултат на топењето на ледот.
Анализата на климатските модели Praetorius и нејзиниот тим покажале дека силнитеветршта и ниските нивоа на морето пред пред 20.000 години ги засилиле океанските струи и ги попречиле поморските патувања. Меѓутоа, доказите упатуваат на тоа дека зимскиот морски лед се задржал до отприлика 15.000 години и овозможил по0тенцијална рута за одење или патување со санки. Научниците го идентификуваат периодот пред 24.500 до 22.000 години и пред 16.400 до 14.800 години како поволни за рана миграција дол брегот на Алјаска.
Ова истражување поттикнува повторно разгледување на препоставките дека патувањето по море било примарен начин на миграција. Иако не докажува дека таквите патувања се случиле, откритието е во склад со новите докази за луѓето кои пред повеќе од 20.000 години патувале дури на луг до Ново Мексико. Студијата за ова откритие беше презентирана на годишниот состанок на Американската геофизичка унија во Сан Франциско на 16 декември.
(Science Alert)
(фото: Wikimedia)