Англија сака да ја забрани употребата на влажни марамчиња

- Advertisement -

Влажните марамчиња кои содржат пластика ќе бидат забранети во Англија како дел од плановите на земјата да го намали загадувањето на водите, изјави министерката за животна средина, Тереза Кофи, пишува BBC. Забраната на влажни марамчиња со пластика ќе стапи на сила во текот на наредната година.

Ова е дел од поширокиот план на Англија да го подобри квалитетот на водите, каде што нема ни река ни каков било поток што не е загаден. Но, опозицијата и групите за заштита на животната средина ја критикуваат оваа одлука.

- Advertisement -

Влажните марамчиења фрлени во веце школка во 93% од случаите се причина за затнување на канализациските цевки и годишно чинат по околу 100 фунти на метар за да се исчистат.

Околу 90% од влажните марамчиња кои се користеле во 2021 година содржеле пластика, иако постојат некои алтернативи за нив, Пластиката не се разградува со тек на време и марамчињата се лепат едни за други, проади што го блокираат протокот низ канализациските цевки.

- Advertisement -

„Нашиот предлог е да се забрани употребата на пластика во влажните марамчиња. Тоа е сосема легитимно барање за да се осигураме дека можеме да спроведеме некоја забрана“ вели Кофи.

Уште во 2018 година англиската влада најави дека планира забрана на влажните марамчиња со пластика во нив, а во 2021 година 96% од луѓето во земјата се изјаснија дека ја поддржуваат одлуката. Сега владата истакна дека донела одлука да ја спроведе најавената забрана.

- Advertisement -

Некои компании како Boots и Tesco веќе престанаа да продаваат такви влажни марамчиња. Националната забрана на влажни марамчиња што содржат пластика е дел од стратегијата наречена Plan for Water, која Министерството за животна средина, храна и рурални прашања ја спроведуваат за да го подобрат квалитетот на водите во Англија.

(BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -