Купувачите ширум светот во 2023 година потрошиле 171 милијарди долари за апликации, што е скромни 3% повеќе отколку во 2022 година, покажаа податоците на компанијата data.ai од Сан Франциско.
Бројот на преземања на апликации за минатата година изнесува 257 милијарди, штоне за само 1% повеќе во однос на 2022 година, пренесува порталот TechCrunch. Корисниците најмногу трошеле на мобилни видеоигри, но Tiktok поттикнал раст на потрошувачката и на други типови апликации за 11% на 64 милијарди долари во 2023 година.
Потрошувачите минатата година најмногу ја преземале апликацијата Tiktok и на неа трошеле најмногу пари, но најмногу време поминувале на Facebook. Најомилена мобилна видеоигра по бројот на преземања била Subway Surfers, додека корисниците поминале најмногу време играјќи Candy Crush Saga.
(021)
(фото: Pxhere)