Со најновата иновација, Samsung драматично го менува начинот на кој го користиме телевизорот!

- Advertisement -

Телевизорот како уред сѐ досега го користевме таков каков што е, без да имаме опција да го прилагодуваме на нашиот животен стил, на нашите навики, ниту пак на нашиот дом. Со најновиот модел на телевизор The Serif, Samsung сега овозможува да се излезе од границите на фантазијата и го менува начинот на кој ги гледаме и ги користиме телевизорите. The Serif овозможува да го направиме уникатно свој, сами да избереме како ќе го користиме, па и да го негуваме сопствениот стил и преку вашиот телевизор. Одушевувачки го освежува просторот во домот и станува постојан дел од нашето уживање во него. Во продолжение ви претставуваме неколку начини како можете да го вметнете The Serif на Samsung во домот, како и неговите иновации од најнова технологија

Каде сте го поставувале телевизорот досега?

- Advertisement -

Најверојатно на/до ѕидот во дневната соба, каде што поминувате најмногу време или можеби на/до ѕидот во спалната соба, за да се релаксирате пред спиење. Но, The Serif можете да го поставите каде сакате и да одговара во секоја просторија.

За разлика од обичните телевизори, The Serif изгледа одлично од која било страна да гледате и може да го сместите буквално секаде. Без разлика каде ќе одлучите да го поставите, Тhe Serif беспрекорно се вклопува со околината.

- Advertisement -

Доколку, пак, немате доволно место на ѕидот во дневната соба, The Serif има метални држачи за да го наместите каде било во собата. The Serif дефинитивно ќе ја освежи секоја просторија со единствениот и уникатен дизајн во форма на буквата „I“, толку многу што дури и ќе се запрашате како сте можеле дотогаш да имате обичен телевизор.

Покрај одличниот дизајн на телевизорот, сите сопственици на The Serif  ќе можат да уживаат во генијалноста на QLED технологијата на Samsung, која има одлични перформанси и извонреден квалитет на сликата благодарение на технологијата Quantum Dot. Quantum Dot овмозможува милијарди нијанси на боите, па ќе гледате некои детали кои досега не сте можеле да ги видите на обичен телевизор. Видливоста на боите е 100% благодарение на Quantum Dot. Тоа значи дополнителни милијарда бои и HDR10+, која ја приспособува осветленоста на екранот кадар по кадар за да одговара на содржините кои ги гледате.

- Advertisement -

The Serif има адаптивна слика. Што значи тоа?

AI Upscaling, пак, значи дека The Serif скалира сѐ додека не постигне 4К квалитет на слика, дури и кога квалитетот на изворот на содржините не е 4К. The Serif има адаптивна слика. Што значи тоа? Тоа значи дека телевирозот може да ги почувствува промените во осветлувањето во просторијата и се приспособува на нив за непречено да можете да гледате во екранот со оптимална светлина и контраст, без да се заморат очите.

Но, тука не застануваат иновациите кај The Serif

The Serif има активен засилувач на звук (AVA), со помош на кој што ги детектира звуците однадвор поради кои потешко се слуша дијалогот на екранот и автоматски ја приспособува јачината на звукот за да не пропуштите ниту еден важен момент.

Но, и тоа не сѐ. The Serif нуди многу повеќе од ТВ забава. Телевизорот е целосно прилагоден за користење во оваа доба на дигитализација, поврзаност и паметни уреди. На The Serif можете да проверувате информации како временска прогноза, надворешна температура, главните наслови за денот.

The Serif има голем број паметни карактеристики и напредни функции за поврзување со мобилен телефон. Имено, со преземање на апликацијата SmartThings на вашиот паметен телефон, можете да се поврзете со вашиот The Serif и да уживате во содржините од твојот телефон на поголем екран, притоа контролирајќи сè со леснотија.

Ако не ви е доволно да гледате само една содржина одеднаш, тука е опцијата Multi View. Со The Serif добивате мултитаскинг one-on-one – поврзете го телефонот со телевизорот, прилагодете ги димензиите на видеото и звукот според вашите желби и истовремено гледајте телевизија и содржините од телефонот на еден екран.

Телевизорот е опремен и со NFC технологија. Благодарение на тоа можете едноставно да го ставите мобилниот телефон врз The Serif и тој ќе се поврзе со телевизорот, па не мора да ја паузирате музиката која сте ја слушале по пат до дома, туку преку The Serif ќе ја слушате со уште подобар звук. Уште подобро, Tap View ви овозможува која било содржина од телефонот да ја пренесете на The Serif со краток допир каде било на телевизорот.

Опцијата Smart Hub значи дека лесно ќе ги најдете сите содржини што ве интересираат, а доволен ќе ви биде само еден далечински управувач со One Remote Control.

Адаптабилноста на просторот е овозможена и со различните бои во кои е достапен телевизорот. The Serif можете да го изберете во природна облак бела боја или во памук сина боја. Покрај бојата, можете да ја избирате една од три димензии: 43 инчи, 49 инчи и 55 инчи.

Браќата Ронан и Ерван Бурулек, кои што го дизајнираа телевизорот, навистина мислеа на целосниот впечаток за телевизорот. Тие знаат дека никој не сака да гледа празен, црн екран кога не е вклучен телевизорот, па креираа две слики – прекрасен лист и текстура на платно – кои се достапни во амбиентален режим за да можете да уживате во природата кога е исклучен телевизорот.

Сподели!
- Advertisement -