Американската индустрија драстично го намали купувањето на роботи

- Advertisement -

Северноамериканските компании нарачале значително помалку роботи во 2023 година, ставајќи крај на петгодишниот бум во услови на забавување на економијата и повисоки каматни стапки што го отежнуваат набавката на софистицирани машини, покажа студијата.
„Кога економијата не е одлична, полесно е да се одложи купувањето“, рече Џеф Бурнштајн, претседател на Здружението на производители на роботи А3, кое ги следи нарачките.

Компаниите купиле 31.159 роботи минатата година, 30 отсто помалку отколку во 2022 година, пресмета А3 и откри дека овој процентен пад е најголем од 2006 година. Побарувачката е намалена кај компаниите поврзани со автомобилската индустрија, кои сочинуваа околу половина од пазарот на роботи минатата година, но и во секторите за преработка на храна и метал.

- Advertisement -

Во четвртиот квартал, производителите на роботи забележале 7.683 нарачки, осум отсто помалку отколку во истиот период во 2022 година. Universal Robots, дански производител на мали флексибилни роботи, неодамна објави дека неговиот приход во 2023 година ќе се намали за седум отсто на 304 милиони долари.

Продажбата е попречена од загриженоста за лошата економија и вишокот залихи, создаден во пандемијата, бидејќи продажбата на роботи растеше додека производителите бараа решение за недостигот на работна сила. 2022 година беше рекордна по бројот на нарачки, покажуваат податоците.

Извор- Seebiz

- Advertisement -

Фото ndlna.no

Сподели!
- Advertisement -