Ова се најчитаните теми на Wikiрedia

- Advertisement -

Од Wikimedia Foundation неделава објавија листа со најчитаните написи на англиски јазик. Сепак, не е изненадување која тема е најчитана на оваа најпопуларна платформа за информирање.

Најчитаната тема, сепак, не е изненадување. Корисниците годинава најмногу читале за AI четботот на OpenAI и во текот на првата половина од годинава од 100.000 до 400.000 луѓе секој ден читале за ChatGPT. Со тек на време таа бројка се намалила, но повторно пораснала после хаосот кој настана после отказот кој му го дадоа на Се Алтман, изврпниот директор на OpenAI.

- Advertisement -

Додека првото место на листата не е никакво изненадување затоа што вештачката интелигенција ја одбележа годинава, на второ место е годишната листа со смртни случаи.

Третото и четвртото место се уште поголемо изненадување. Имено, на трето место како најчитан напис на Wikipediа годинава, со над 38 милиони прегледи е светското првенство во крикет.

- Advertisement -

На четврто место со над 32 милиони прегледи е Премиер лигата, но не англиската фудбалска лига, туку индиската лига за крикет.

Петтата најчитана тема, односно напис на Wikipediа е Опенхајмер. Досега над 28 милиони луѓе на оваа платформа прегледувале информации за самиот тим, а интересно е дека на седмо место на листата е написот за самиот физичар Роберт Опенхајмер, со над 25 милиони прегледи.

- Advertisement -

Целосната листа за годинава можете да ја најдете на страницата Wikimedia Foundation.

(Zimo)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -