За пет години повеќе од 90% од возрасните ќе користат паметен телефон

- Advertisement -

Користењето паметни телефони расте, и до крајот на 2023 година се очекува повеќе од 90% возрасни во развиените држави да имаат таков телефон, наведува Deloitte во истражувањето Трендови во областа на технологиите, медиумите и телекомуникациите.

Истражувањето покажува дека 85% од луѓето на возраст меѓу 55 и 75 години ќе бидат сопственици на паметен телефон. Deloitte најавува дека корисниците за пет години односно во 2023 година, во просек ќе го употребуваат телефонот по 65 пати дневно.

Во исто време, 45% возрасни корисници на паметни телефони и 65% од оние од 18 до 24 години, ќе бидат загрижени дека премногу користат телефони за одредени активности и ќе се обидуваат да ги ограничат потребите во 2018 година.

- Advertisement -

Се очекува и дека повеќе од милијарда корисници на паметни телефони веројатно ќе креираат содржини со „проширена реалност“ барем еднаш во 2018 година, додека најмалку 300 милиони веќе тоа го прават месечно, а десетици милиони – неделно.

Deloitte смета дека традиционалното гледање телевизија ќе се намалува за околу пет до 15% годишно меѓу популацијата на возраст од 18 до 24 години во САД, Канада и Велика Британија во 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -