Норвешка го гради првиот подводен лебдечки мост во светот

- Advertisement -

Нема ништо помирно од долгото возење покрај брегот на Норвешка, каде што можете да се одушевувате на глечерите, реките и езерата од едната страна и  високите планини и водопадите од другата страна. Сепак, овие прекрасни пејзажи нема да ви го олеснат грубото и досадно патување покрај илјадниците фјордови на западниот брег. Едно патување од северниот до јужниот дел на Норвешка може да трае и до 21 час.

Владата на Норвешка смисли план со кој ќе се скрати патувањето на половина – ќе го гради првиот подводен лебдечки мост во светот. Инфраструктурниот проект вреди 40 милијарди долари и ќе се состои од низа мостови преку фјордовите за да го достигне светскиот рекорд од тунел долг 27 км, длабок 400 метри, поставен директно до дното на морето.

- Advertisement -

Автопатот E39 е могу битен за Норвешка, а подобрениот транспорт по таа рута ќе го подобри животот на локалното население и ќе ја отвори земјата за повеќе извор и засилен туризам. Подводниот пловечки тунел ќе биде изграден во фјорд длабок повеќе од 1.400 метри, што е многу подлабоко отколку што може да се дупчи во дното на морето. Планот е да се направи доволно длабоко за да биде безбедно преку него да поминуваат големи бродови, но исто така и да има доволно простор под него за да пловат подморници. 

Моментално 50 интернационални експерти вршат детални симулации и премерки на брзината на ветрот, струите, подводното лизгање на земјиштето, геологијата на карпите итн. за да се осигураат дека плановите и тунелот ќе се вклопат во реалната средина. Според ABC News, двете бетонски цевки на тунелот, по една во секој правец, ќе бидат цврсто фиксирани.

- Advertisement -

Засега најголемиот ризик по безбедноста на оваа иновација може да бидат експлозии, пожар или преголемо оптоварување. Норвешката администрација за јавни патишта и Норвешкиот универзитет за науки и технологија соработуваат заедно и ќе користат живи експлозиви за да проверат како се однесуваат бетонските цевки. 

Досега се завршени 10% од проектот, а целата рута нема да биде готова се до 2025 година. Владата исто така ги откри плановите да го направи првиот тунел во светот за бродови кои поминуваат покрај плуостровот Стан, каде што често има бури.

Сподели!
- Advertisement -