Нивото на ледената покривка на Антарктикот е на историско ниво ниво три години по ред, пренесе агенцијата France Presse. Додека на тоа сме сведоци од прва рака, научникот Мигел анхел де Пабло размислува како човештвото не е свесно за сериозноста на ситуацијата.
Ние научниците сме многу загрижени затоа што не гледаме како да го решиме тоа сами. Колку повеќе предупредувања испраќаме за општеството да биде свесно што се случува, изгледа дека никој не слуша и не смета за паничари“ вели шпански геолог на француската новинска агенција на островот Ливингстон на Антарктикот.
Американскиот национален центар за податоци за снегот и мразот (NSIDC) минатата недела извести дека ледената покривка на Антарктикот паднала на помалку од 2 милиони квадратни километри трет февруари по ред/ Таа површина инаку е вообичаена за летно време на јужната хемисфера. Последните три години таа покривка била најмала откако пред 46 години почнале да се бележат податоците.
Топењето на морскиот лед нема истовремен ефект на нивото на океаните затоа што се формира со змрзнување на солената вода која е веќе во океаните, Но, ледот повеќе ја рефлектира сончевата светлина , па неговото губење го забрзува глобалното затоплување и ја изложува копнената ледена покривка, чие топење може да го подигне нивото на морето.
Иако сме подалеку од населениот дел од планетата, во реалност она што се случува на Антарктикот влијае на остатокот од светот, вели Де Пабло.
Де Пабло, кој го проучува ледот на Антарктикот повеќе од 16 години, стравува дека можеби веќе е предоцна да се сврти тој тренд. Проблемот е во тоа што не може да се поништи таа деградација, вели тој.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)