Компанијата Gumdrop рециклира стари гуми за џвакање и од нив прави ѓонови за чевли

- Advertisement -

Во Обединетото Кралство џвакањето гуми е најчеста навика кај луѓето после пушењето цигари и токму затоа тоа се најчестите отпадоци по улиците. Повеќе од 200 милиони долари годишно се трошат за да се исчистат отпадоците. Британската диџајнерка Ана Булус има идеја како да ги претвори отпадните гумиз а џвакање во нешто корисно. Со помош на синтетичката гума која е во основата на гумата за џвакање отпадните гуми за џвакање се претвораат во производи како ѓонови за чевли или шолји за кафе, пишува Green Matters.

Специфичниот материјал кој е во основата на гумите за џвакање се вика полиизобитулен, односно тип на полимер. Уникатна особина на материјалот е што е единствената гума која може да држи воздух долго време. Токму затоа најчесто се среќава во производи како гуми за велосипеди или топки за кошарка. Дури и ако се џвака повеќе пати материјалот во гумата е уште корисен.

- Advertisement -

Наместо да се собираат гумите за џвакање од тротоари и патишта, Булус креира посебен начин да се фрлаат отпадните гуми за џвакање во посебни корпи Gumdrop. Тие розови контејнери систо така се направени од гума и поставени на дрвја  или сообраќајни знаци. Секоја од нив има порака која објаснува зошто отпадните гуми се реупотребуваат за нови производи.

Булус соработува со локална фабрика за рециклирање која преработува и други материјали ако хартија и амбалажа за гуми за џвакање. Околу 20% од гумите за џвакање се користат за правење други производи. На пример, 42 гуми за џвакање се потрбни за да се направи една пластична шолја за кафе.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -