Ворен Бафет поминал тежок пат за од момче кое на само 7-годишна возраст продавало „кока-кола“ на улица да стане четвртиот најбогат човек на светот. Платата му изнесува неверојатни 100.000 долари месечно, а богатството му се проценува на речиси 87 милијарди долари.
Се што постигнал го постигнал благодарение на навиките кои би требало да ги научат сите кои сакаат да станат успешни. Според магазинот Time, ова се некои од неговите навики кои го донеле таму каде што е денес.
1. Никогаш не престанувајте да учите
Според зборовите на Чарли Мангер од Беркшир Хетавеј, Ворен Бафет своите активности ги насочил на неколку работи со максимално фокусирање на нив. Работејќи така 50 години стана експерт за нив, баш како што, на пример, Роже Федерер е мајстор за тенис. Со други зборови, Бафет сфатил за што го бидува и постојано работи на тоа да добива нови знаења.
2. Клучот е во трпението
Во бизнисот, но и во многу други работи, трпението е многу битно, но не е и пресуден фактор. Бафет знаел кога треба да чека, иако многу лесно можел да попушти под притисокот и да згреши. Но, наместо избрзани одлуки ја чекал подобрата понуда која најпосле ќе дојде. Трпението многу често значи и чекор напред.
3. Оддадете им признание на колегите
Секој успешен претприемач не успеал да стане успешен самиот. Секогаш тука имало други успешни колеги, работници или партнери кои си го завршиле својот дел од работата. Ако сакате да ги следите стапките на Ворен Бафет, никогаш не заборавајте да се заблагодарите или да ги наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот.