#ИновативностЧита – Без оправдувања: моќта на самодисциплината од Брајан Трејси

- Advertisement -

Кога пред одреден период случајно ми дојде до рацете една од книгите на можеби најпознатиот мотивациски говорник на светот, веднаш знаев дека ќе биде совршена за во нашата рубрика #ИновативностЧита. Се работи за книгата насловена Без оправдувања: моќта на самодисциплината од Брајан Трејси, која уште го носи и поднасловот 21 начин да постигнете успех и среќа.

Како што веќе можете да претпоставите од насловот, авторот зборува пред сѐ за самодисциплината како клучен фактор во живеењето успешен и среќен живот. Од книгата ќе дознаете дека она што е во основата на самодисциплината, е уште една карактеристика која најмногу се манифестира кај најуспешните луѓе, а тоа е трпеливоста.

- Advertisement -

Уште во воведот, Брајан Трејси споделува приказна која најверојатно честопати може да се посведочи на некое од неговите семинари и говори, а токму оваа приказна е доволна за веднаш да ве навлече на книгата која ќе ја прочитате на неколку седнувања бидејќи многу од вас ќе се пронајдат во неа.

Имено, тој зборува за фантазијата наречена „Еден ден..“ Колку од вас си имаат кажано дека ќе почнат да штедат од следниот понеделник, ќе учат нов јазик од следниот септември, ќе читаат повеќе книги од следната година? Сите нешта кои посакуваме да ги оствариме, било за личен или професионален развој, 80% од луѓето ги оставаат за „еден ден“. Веќе се пронаоѓате? Што е она што на сите нам, кои ги одложуваме овие работи постојано, ни недоставува? Погодивте, самодисциплина.

- Advertisement -

Иако навидум раскажува за секојдневни случувања односно одлуки и ситуации во кои секој од нас може да се пронајде, книгата на Брајан Трејси ќе ви помогне сами да си ги детектирате слабите точки кои треба да ги подобрите и да увидите дека лекции можат да се научат и од најтривијалните работи. Книгава е еден вид на водич, на ориентир кој ќе ви помогне полесно да дојдете до она нешто што толку многу го посакувате, а го оставате за „еден ден“.

- Advertisement -

Поконкретно, Трејси ќе ви помогне да ја примените неговата филозофија во три клучни сегменти во вашиот живот, а тоа се вашите лични цели, вашите работни и финансиски цели и вашата севкупна среќа.

Без оправдувања можете е преведена на македонски јазик и може да се набави во скоро секоја книжарница во Македонија по цена од околу 400 денари.

Брајан Трејси е претседател на познатата компанија Брајан Трејси интернешенал која нуди специјализирани обуки за развој на поединци, организации и компании. Познат е по своите мотивациски говори и семинари посветени на мотивацијата и продажбата кои ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе и 10 000 компании во преку 50 земји од светот.

Сподели!
- Advertisement -