Некои модели на електрични автомобили на Tesla веќе подолго време имаат системи за помош на возачот и полуавтоматски автономни системи за возење, а ако платите дополнителни 12.000 долари на основната цена од 40.000 долари за Tesla Model 3, ќе добиете систем за целосно автономно возење за кој воопшто не е потребно да седи возачот, иако според законот, тоа уште не е дозволено, па зад воланот се уште мора да седи квалификуван возач кој го надгледува возењето на роботот.
Илон Маск пред повеќе години рече дека иднината на приватните возила лежи во автономното возење, а најави и воведување на роботски такси, исто како на Хрватот Мате Римац. И едниот и другиот веќе некое време тестираат такви возила, додека Waymo, подружница на компанијата-мајка на Google, Alphabet, работи на автономни услуги за споделено возење.
Сега Маск на платформата Х (Twitter) објви дека на 8 август годинава ќе го претстави Tesla Robotaxi, но не изнесе никакви други детали, како и вообичаено. Маск претходно веќе рече дека роботските такси ќе функционираат како целосно автономни такси и ќе заработуваат пари за своите сопственици така што самостојно ќе превезуваат патници. Исто таа, рече дека возилата ќе траат 11 години, во текот на кои ќе поминат над 1,6 милиони километри и ќе им носат добивка на сопствениците од 30.000 долари секоја година.
Дали роботските такси на Маск ќе бидат првите автомобили способни за комерцијален сервис за превоз на патници без возачи или тоа ќе биде Римац, кој своите роботски такси треба да ги претстави на 26 јуни.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)