Првиот вештачки бубрег во светот е готов и може да ги спаси луѓето од дијализа

- Advertisement -

Според страницата kidney.org, болестите на бубрезите предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку ракот. Иако може да се пресади бубрег, секогаш има поголема потреба отколку што има достапни органи, а ризикот дека телото на пациентот може да го отфрли туѓиот орган е уште една можност. Дијализата е најдобрата опција за таквите луѓе, но целиот процес е комплициран и тежок за пациентите.

Сега е основано јавно-приватно партнерство меѓу американското Министерство за здравство и Американската асоцијација за нефрологија со цел да се забрза развојот на иновации за третирање болести на бубрезите и тоа изгледа резултираше со решение.

- Advertisement -

Проектот го носи името Kidney Project, а новата иновација е биовештачки бубрег кој може да се пресади во телото и штотуку освои награда вредна 650.000 долари од KidneyX за првата демонстрација на функционалниот прототип.

Визијата за вештачкиот бубрег е на луѓето да им овозможи целосна мобилност и подобри физиолошки резултати отколку дијализата. Тоа ќе овозможи многу поквалитетен живот за милиони луѓе во светот“ велат од Министерството за биоинженеринг и терапевтски науки, кое е во склоп на министетрството за медицина и наука.

- Advertisement -

Што е толку посебно кај овој вештачки бубрег? Уредот е создаден одржливо да ја поддржува културата на клетките на човечките бубрези без да предизвика имунолошки одговор. Тоа значи дека пациентите на кои им откажуваат бубрезите можат да се спасат од болните дијализи и лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, кои вообичаено се препишуваат после трансплантација на бубрег.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -