ЕУ инвестира милијарда евра во суперкомпјутери

- Advertisement -

Европската комисија предложи инвестирање на милијарда евра во врвни суперкомпјутери до 2020 година. Комисијата наведува дека тој предлог ќе биде клучен за конкурентност и нзависност на ЕУ на полето на базите на податоци бидејќи европските научниви и индустријата своите податоци ги обработуваат надвор од ЕУ.

Како што пишува Bizlife, поради немањето независност загрозени се приватноста, заштитата на податоци, деловните тајни и сопственоста над податоците, особено во случај на осетливи апликации. Во рамките на новата правна структура на финансирање под називот „Заеднички проект EuroHPC” ќе се набави, ќе се изгради и ќе се постави врвна инфраструктура за компјутери со високи перформанси во цела Европа.

- Advertisement -

Освен тоа, EuroHPC ќе биде поддржан од програма за истражување и инпвации за развој на технологии и уреди, како и апликации кои ќе се употребуваат на тие компјутери. ЕУ ќе инвестира околу 486 милиони евра во EuroHPC, а државите членки и придружните земји ќе треба да инвестираат слична сума. Вкупно до 2020 година треба да се инвестираат 1 милијарда јавни средства.

Сподели!
- Advertisement -