Власта на Јужна Кореја објави дека подготвуваат одредба со која целосно ќе се забрани трговијата со криптовалути во рамките на земјата. По објавата цената на биткоин во Јужна Кореја падна за околу 2.000 долари.
„Постои голема загриженост кога се во прашање виртуелните валути“ вели министерот за правда на Јужна Кореја. Одлуката е донесена откако цените на биткоин, етереум и другите криптовалути на берзите во Јужна Кореја достгина повисока цена отколку во остатокот од светот.
Ова не е прв пат земјата да изразува остар став кон криптовалутите. Во септември минатата година беше забранета иницијалната понуда на криптовалути, а потоа во декември беше предложен и закон кој одредува како банките можат да вршат интеракција со криптовалути.
Можно е споменатата забрана да не стапи на сила веднаш затоа што неколку часа по најавата беше појаснето дека забраната уште не е финализирана и потребно е да се изгласа во парламентот.