Ова е првата земја во светот која против КОВИД-19 ќе вакцинира деца над 2 години

- Advertisement -

Куба вчера стана првата земја во светот која против КОВИД-19 вакцинира деца на возраст од 2 години и постари. Притоа, ја користат домашната вакцина, која уште не е одобрена од Светската здравствена организација.

Државата со 11,2 милиони жители сака да ги вакцинира сите деца пред повторното отворање на училиштата, кои најголем дел се затворени уште од март 2020 година. Новата учебна година почна минатата недела, но наставата се одвива преку телевизиски програми затоа што најголем дел од семејствата во Куба немаат пристап до интернет.

- Advertisement -

Откако ги заврши клиничките тестирања на своите вакцини Abdal и Soberan на малолетници, Куба во петок минатата недела почна кампања за вакцинирање на деца на возраст од 12 години и постари. Од вчера, пак, во централната покраина Сиенфуегос се дистрибуираат вакцини за децата на возраст од 2 до 11 години.

Во уште неколку држави во светот одобрено е вакцинирање на деца од 12 или повеќе години, а некои прават испитувања на уште помали деца. Земјите како Кина, ОАЕ и Венецуела известија дека планираат да ги вакцинираат и помалите деца, но Куба е првата која го реализираше тоа. Чиле вчера ја одобри и кинеската вакцина Sinovac за вакцинирање на децата на возраст од 6 до 12 години.

- Advertisement -

Кубанските вакцини против КОВИД-19 се првите развиени во земјите од Латинска Америка, но ги немаат поминато потребните меѓународни научни рецензии. Вакцините се базираат на рекомбинантна протеинска технологија, истата која ја користеа американски Novavax и француски Sanofi. И двете вакцини чекаат одобрение од СЗО.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -