Ова се најпосетените градови во светот

- Advertisement -

Euromonitor International го објави најновото рангирање Top 100 City Destinations на најпосетените градови во светот. Годишната табела се базира на бројот на интернационални туристи кои поминале барем 24 часа во секој град.

Хонгконг девет години по ред е најпосетениот град во светот, а годинава може да се пофали со импресивни 26,6 милиони посетители во 2017  година. На второ место со 21,2 милиони посетители е Бангкок, кој му ја презеде позицијата на Лондон уште во 2015 година. Сингапур моментално е на четвртата позиција и е на пат да го надмине Лондон и до 2025 година да стане третиот најпосетен град во светот.

Како што пишува Светскиот економски форум, азиските градови доминираат на листата. На најновото разнгирње има вкупно 41 град од Азиско-пацифичкиот регион во споредба со 34 градови во 2010 година и се очекува бројот допрва да расте. на 47 градови до 2025 година. 

- Advertisement -

Најголем фактор за порастот на бројот на интернационални посетители во азиските градови е растот на кинескиот пазар за туризам, кој е најголем во светот. Според извештајот, бројот на посетители во Хонгконг ќе порасне на дури 45 милиони до 2025 година.

Бројките се полоши на европско тло главно поради некои настани од типот на кризата во Еврозоната, приливот на бегалци, Brexit и терористичките напади. Сепак, магнетите за туристи како Париз и Лондон не губат од привлечноста. Некои дестинации во Грција, Италија и Шпанија исто така забележаа пораст на бројот на туристи. И покрај терористичките напади и политичките турбуленции поради Brexit, Лондон и понатаму е најпосетениот европски град.

Сподели!
- Advertisement -