Една од најновите иновации врзани за вештачка интелигенција е наменета за уметници, а тоа е уредот наречен Poetry Camera, кој фотографиите ги претвора во песни.
Иновациите кои настануваат во светот на AI технологијата засега немаат крај. Освен секојдневното пишување имејл пораки и вршењето други задачи, AI сега може да направи фотографитие да „зборуваат и да пеат“, да предвидуваат човечки активности и да судат на AI натпревари, па дури и да рекреираат технологија од „Ѕвездени патеки“.
Келин Каролин Жанг и Рајан Матер соработувале на развојот на уредот Poetry Camera, кој претставува open-source проект кој ги спојува технологијата со уметничкиот дух, а резултатот е креација која ги надминува границите на двете полиња.
Poetry Camera личи на полароиден фотоапарат, но наместо да прави фотографи, овој уред го трансформира визуелниот инпут во евокативни песни кои живописно ја објаснуваат фотографијата.
Уредот работи на Raspberry Pi компјутер, а покрај тоа користи и GPT-4 модел на компанијата OpenAI, така што претставува спој на хардвер и вештачка интелигенција. Raspberry Pi ги обработува фотографите, ги издвојува визуелните податоци и ги оренесува до AI компоненти, Потоа AI модулот ги анализира различните аспекти на фотографиите, вклучувајќи ја бојата, примероците, значајните елементи, па дури и емоциите кои се пренеусуваат.
Креаторите на Poetry Camera велат дека нивниот уред нуди повеќе од еден формат на поезија и дека корисниците имаат можност да бираат различни опции, вклучувајќи сонети, слободни стихови и хаику.
(Klix.ba)
(фото: Pxhere)