Европа се загрева дупло повеќеод глобалниот просек, што доведува до смртоносни топлотни бранови и тешки поплави, се вели во извештајот кој во 2023 година го објави ESOTC (European State of the Climate).
Според извештајот, температурите во Европа растат за 2,3 степени над прединдустриските нивоа, во споредба со 1,3 степени на глобално ниво. Извештајот заеднички го издадоа Канцеларијата за климатски промени Коперникус (C3S – Copernicus Climate Change Service) и Светската метеоролошка организација на ОН WMO – World Meteorological Organization), а се однесува на 2023 година, која беше најтопла година во историјата на Европа.
Јужниот делови од Стариот континент забележаа 60-80 дена силен топлотен стрес, а најтешко беше погоден јужниот дел на Шпанија, со над 80 дена многу силен тополотен стрес. Во меѓувреме, северна Европа забележа многу денови на екстремен ладен стрес. На пример, во централниот дел на Исланд 100 дена имаше температура од -27 до -40 степени Целзиусови.
Бројот на смртни случаи поврзани со топлотните удари и исцрпеноста порасна за речиси 30% во изминатите 20 години. Минатото лето донесе топлотни бранови во најголем дел од јужна Европа, поради што престојот на отворено за постарите луѓе и работниците беше посебно опасен. На континентот имаше и тешки поплави и пожари, а најголемиот пожар во историјата на Европа ја зафати Грција.
Извештајот на ESOTC за 2023 година е најновиот податок за мрачниот тренд, кој е документиран во подолг временски период. Во изминатите три децении темпратурите во Европа пораснаа дупло повеќе од остатокот од светот. Климатските експерти велат дека тоа е резултат на геограската положба на Европа, оја се наоѓа директно под Арктикот,регион кој се загрева најбрзо во целиот свет. Исто така, опкружена е со океани кои брзо се загреваат. Сатпката на загревање на Средоземното, Балтичкото и Црното Море и на јужниот Арктикт е трипати поголема во однос на светскиот просек.
Меѓутоа, позитивно е тоа што Европа брзо преминува на обновливи извори на енергија. 2023 беше втората година во која Европа произведе повеќе електрична енергија од соларна енергија, ветар и други обновливи из ори отколку од фосилни горива.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)