Хрватската компанија DOK-ING направи фабрика за претворање на текстилот во енергија

- Advertisement -

Компанијата DOK-ING, во соработка со социјалното здружение Humana Nova од Чаковци, успешно iја тестираа својата пилот-фабрика за обработка на отпаден текстил од кој добиваат водород. Фабриката ја претставија минатиот вторник на прес-конференција.

Станува зборза развоен проект вреден 700.000 евра, конфинансиран од Норвешкиот фонд за иновации, а целта им е да ја направат првата LOOPER фабрика за текстилен отпад, со што се менува парадигмата за обработка на текстилен отпад, која денес е ислучиво согорување или фрлање на депонија, велат од DOK-ING.

- Advertisement -

Имено, ЕУ проценува дека потрошувачката на текстил по жител во 202 година била 14,8 кг, додека во 2003 година била само 10,1 кг. Поради експоненцијалниот раст на проблемот ЕУ донесе амбициозни цели во поглед на управувањето со таквиот отпад. меѓутоа, досега не постоеш соодветно решение.

Затоа, DOK-ING Indeloop разви иновација за преработка на 1 тон текстил дневно, која не само што менаџира со отпадот на начин со кој се минимизираат штетите предизвикани од отпадниот текстил, туку од него се произведува и енергија. Иновацијата со процес на обработка отпадниот текстил го претвора во водород, пепел и чад. Целиот процес е без емисија на гасови во околината, а добиената пепел може да се користи како градежен материјал, додека водородот во форма на енергија и гориво.

- Advertisement -

Преку функционалниот прототип демонстриран во индустриска средина на пилот-локација во Чаковци, DOK-ING ја докажа својата технологија и како што истакнуваат сега можат да го понудат производот на глобалниот пазар.  

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: pirg.org)

Сподели!
- Advertisement -