Опал Сенди од Оксфордшир, која има само година и пол, е родена целосно глува поради слушна неуропатија до која дошло поради прекин на нервните импулси кои патуваат од внатрешното уво до мозокот.
Сега благодарение на генетска терапија која се тестира во Обединетто Кралство и ширум светот, слухот на девојчето е речиси нормален, а дури може и дополнително да се подобри.
Професрото МанохарБанце, кој е хирург за уво и главен истражувач во таа студија, изјави дека резултатите се подобри отколку што се надевал или очекувал и дека може да се излечат пациенти со ваков тип на глувост.
Тој додава дека кај малото девојче имаат резултати кои се спектакуларни и се многу блиску до обнова на нормалниот слух. Се надеваат дека тоа е потенцијален лек за таа болест.
Слушната неуропатија може да биде предизвикана од грешка во генот OTOF, кој е одговорен за создавање на протеинот наречен отоферин. Тоа им овозможува на клетките во увото да комуницираат со случните нерви.
За да се надмине таа грешка новата генетска терапија која ја развива биотехнолошката компанија Regeneron внесува активна копија на генот во увото. Во случајот со девојчето со операција во септември минатата година во десното уво била дадена инфузија која го содржи активниот ген.
(Zimo)
(фото: Pexels)