Америка го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија

- Advertisement -

Американската агенција за храна и лекови го одобри првиот орален лек за лекување постпородилна депресија, соопштија компаниите Sage Therapeutics и Biogen. „Зурзувае“ е првиот и единствен орален лек за постпородилна депресија, кој се зема еднаш дневно во период од 14 дена и може да доведе до брзо подобрување на состојбата, објавија компаниите.

Се досега лекувањето на постпородилната депресија во САД се вршеше само со интравенозна примена на лекови во здравствени установи. Според компаниите кои го создадоа новиот лек, „зурзувае“ би требало да биде достапен во последниот квартал од годинава.

- Advertisement -

Постпородилната депресија е сериозна депресвна состојба која вообичаено се случува веднаш после раѓањето на детето, но може да започне и во текот на последните месеци од бременоста. Исто како и кај другите видови депресија, симптомите вклучуваат тага, губење енергија, суицидални мисли, намлена способноста за чувство на уживање итн.

Се проценува дека само во САД 1 и 7 жени доживуваат постпородилна депресија. Ваквата состојба е потенцијално опасна по живот затоа што жената чувствува тага, вина, безбвредност, а во потешките случаи доаѓа и до мисли за самоповредување или повредување на детето. Затоа постпородилната депресија може да го наруши односот на мајката со детето, а може да има и последици врз физичкиот и емотивниот развој на детето.

- Advertisement -

Клиничките испитувања покажале дека таблетата значително ги намалува симптомите на постпородилната депресија во период од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели после последната доза.

(Jutarnji List)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -