Јапонија ќе го прави првиот брод на биомаса во светот

- Advertisement -

Група јапонски компании се здружија со цел да го произведат првиот брод во светот кој ќе коирсти биомаса како гориво, како и технологија која ќе го придвижува. На овој начин се обидуваат да ја поддржат иницијативата за одржлив транспорт.

Така, јапонските транспортни компании NYK Line, NYK Bulk & Projects Carriers и Tsuneishi Shipbuilding ги здружија силите со британската компанија за обновлива енергија Drax Group на проектот чија цел е да се развие биоброд до крајот на оваа деценија. Во рамките на договорот ќе се обидат да создадат нова технологија за транспорт, погон кој како гориво ќе користи биомаса. Исто така, ќе се истражуваат начините за намалување на трошоците за гориво и емисијата поврзана со транспортот на биомаса со користење дополнителна обновлива технологија.

- Advertisement -

Drax произведува пелети од биомаса во Канада и на југот на САД, а веќе подолго време ги испорачува во Јапонија преку NBP. Според компанијата, клучниот чекор до постигнување нето нула емисија на гасови е користење на биомаса, која е нискокарбонска опција за обновлива енергија од одржливи извори.

Одржливата биомаса може да помогне во зачувувањето на шумите. Шумите со кои добро се управува можат ефикасно да го собираат и да го складираат атмосферскиот CO2. Drax има за цел до 2030 година да биде карбонски негативна, а декарбонизацијата на неговиот синџир за снабдување е клучна за постигнување на таа цел.

- Advertisement -

Фабриките за производство на биомаса би користеле гасификатор за согорување на биомасата на високи температури, а би се произведувале гасови како јаглерод моноксид, водород и метан. Тие гасови потоа би се користеле за напојување на генератор, кој би го придвижувал биобродот и би задоволувал некои од внатрешните потреби за енергија.

Ако овој проект биде успешен, бродот ќе биде изграден до крајот на 2029 година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -