Американска компанија прави 3Д печатен накит од растенија

- Advertisement -

Традиционално, најголем дел од накитот се прави од некој вид метал – злато, сребро, бронза или бакар. Рударењето на скапоцени метали и камења честопати предизвикува штета врз животната средина – од загадување на водите, емисија на стакленички гасови до ерозија на земјиштето. Сепак, денес луѓето што сакаат да се китат со накит имаат нова опција – 3Д печатен накит.

Компанијата Winter Hill Jewelry од Сомервил, Масачусетс, САД, е иновативен семеен бизнис кој прави убави и евтин 3Д печатен накит од пластика направена од растенија. Winter Hill Jewelry е дело на Ванеса Темпелман, мајка на две деца која почна да експериментира со 3Д печатачот дома. Тој се користел за печатење играчки за децата, но наското Темпелман решила да биде покреативна и откако нацртала и дизајнирала накит со рака, ги ставила скиците во Tinkercard .

- Advertisement -

Според неа, процеост на 3Д печатење и овозможува да биде креативна и да ги произведува сопствените дизајни, но исто така и отворил и цела ниша на пазар за еколошки накит. Фокусирана на минимални негативни ефекти врз околината, компанијата го намалува отпадто во целиот производен процес. Наместо да користи обична пластика направена од фосилни горива, тие користат PLA, пластика на растителна база која може да се компостира.

- Advertisement -

Освен тоа, печатачите кои ги користат работат на соларна енергија. Кога накитот ќе биде испечатен, тој се изложува на картон направен од 100% рециклирана хартија и се пакува во пластична амбалажа која е биоразградлива.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -