Годовите на дрвјата потврдуваат дека поминале 2.000 години откако на севењрната хемисфера имало потопло време отколку минатата година. Уште од времето на Римското царство луѓето на северната хемисфера не доживеале такви екстремни температури.
Новите анализи укажуваат на тоа дека минатото лето границата на пораст на температурите од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската доба, договрена во 2015 година на Парискиот климатски самит, значително била надмината на северната хемисфера.
Иако станува збор за краткорочно пробивање на зацртаната граница, метеоролозите и климатозолите предупредуваат дека минатото лето треба да служи како предупредување за опасниот тренд на брз пораст на просечните температури на планетата.
„Кога ќе погледнеме подолги периоди низ историјата, дури тогаш навистина можеме да видиме колку е драстично глобалното затплување изминатитие години“ вели научникот Улф Бунтген од Универзитетот Кембриз, кој е коавтор на новата студија.
Како што вели тој, минатата година била исклучително топа, а овој тренд ќе продолжу доколку не постигнеме драстично намалување на емисијата на стакленичките гасови. Бунгтен заедно со своите колеги климатолози Јан Еспер и Маск Торбенсон од геранскиот универзитет „Јохан Гутенберг“ составиле рани историски температурни извештаи користејќи огромни сетови податоци од годовите на дрвјата на северната хемисфера.
Составувањето на таквите извештаи е од исклучителна важност затоа што пред повее илјади години температурните мерења биле ретки и не биле систематски следени. Нивните резултати укажуваат на тоа дека северната хемисфера минатата година во текот на летото била за 2,07 степени Целзиусови потопла отколку истиот период од 1850 до 1900 година.
(N1)
(фото: Pixabay)