Почна најголемиот проект за 3Д печатени куќи во светот

- Advertisement -

Градежната компанија Alquist 3D доби барање од градоначалникот на гратчето Пуласки во Вирџинија за изградба на 3Д печатени домови во градот. Идејата сега прерасна во најголемиот 3Д печатен проект во сетот, пренесува Business Insider.

Малото гратче Пуласки во југоисточниот дел на Вирџинија ќе стане дом на 200 такви 3Д печатени домови, кои треба да бидат изградени во текот на наредните пет години со помош на масивне роботиски печатач тежок дури 19 тони.

- Advertisement -

Ако името Alquist 3D ви звучи познато, тоа е така затоа што истата компанија минатата година 3Д испечати трисобна куќа со површина од 111,5 m2 за едно семејство токму навреме за Божиќ. Сега компанијата си зацрта многу поголем и поамбициозен проект за градење на надворешната структура на домовите со користење само бетон.

Методот на изградба во суштина ќе биде ист. Моделот на куќите најпрвин ќе биде направен со компјутерска програма. Потоа 19-тонскиот печатач Nexcon ќе исфрла бетон и ќе го поставува во слоеви се додека не го доврши компјутерски направениот дизајн.

- Advertisement -

Од планираните 200 куќи во проектот наречен Virginia Project, Alquist сака да направи најмалку 4 типови на куќи кои нема да чинат повеќе од 350.000 долари. Заштедата по квадратен метар можеби нема да биде голема. Alquist очекува тоа да биде околу 15% затоа што на куќите нема да работат толку луѓе и нема да се користи дрвена граѓа. Сепак, огромна е аштедата на време – куќите ќе бидат направени еден месец побрзо отколку ако се користат конвенционални методи.

Градот Пуласки очекува прилив на нови жители затоа што компании од типот на Volvo и Blue Star Manufacturing донесоа нови 3.000 работни места. Проектот од само 200 куќи е мал со оглед на бројот на оекуваните нови жители, но дефинитивно е чекор напред во вистински правец.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Alquist)

Сподели!
- Advertisement -