Светските цени на златото достигнаа нови рекорди

- Advertisement -

Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво и на њујоршката берза Комекс вчера достигнаа 2.449,89 долари за унца. Како ѓто пренесува Reuters, растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во САД.

Американската централна банка не го сооопшти официјално својот став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување. Пониските каматни стапки на американската централна банка би ја зголемиле привлечноста на златото кај инвеститорите.

Кинеската централна банка и другите светски банки продолжуваат да купуваат злато за да ги диверзифицираат своите резерви и да ја намалат зависноста од американскиот долар, што покрај тензиите на Блискиот Исток, дополнително ќе го поттикне растот на цената на овој скапоцен метал.

- Advertisement -

На поскапувањето на златото се надоврза и цената на среброто, кое вчера се продаваше по цена од 32,015 долари по унца, што е највисока цена од 2012 година досега.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -