Airbnb сега ви овозможува да земете часови по готвење со локалните жители во над 75 земји

- Advertisement -

Aко сте патувале во некоја земја, а не сте се прејале со локалната храна, сега Аirbnb сака ви помогне не само да ја пробате локалната храна, туку и да ги засукате ракавите и да ја зготвите.

Airbnb неделава ја додаде опцијата „Cooking” во својата листа со искуства, односно активности кои ги организираат „домаќините“. Новата категорија, според компанијата, е категорија која изминатата година пораснала за 160%. .

- Advertisement -

Од Airbnb велат дека искуството со готвење ќе го организираат семејства, земјоделци, готвачи и други локалци кои сакаат да ги споделат своите рецепти и културните традиции кои се кријат зад нив со гостите. Корисниците на Airbnb можат да избираат од 3.000 опции во 75 земји во светот.

Но, Airbnb не нуди само можност да се истражи кулинарската култура туку трагаат и по над 100 вистински домаќинки кои ќе сакаат да ги споделат своите кулинарски вештини со гостите. Некои од апликантите за готвачи-домаќини ќе добијат шанса да патуваат во Италија, каде што ќе готват рамо до рамо со шефови и нивните семејни рецепти ќе бидат објавени во книгата за готвење која планира да ја објави Airbnb.

Сподели!
- Advertisement -