Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

- Advertisement -

При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од само избирање на место каде што ќе ги чувате вашите финансии. Избирате партнер кој ќе биде ваш вистински пријател и долгорочен  поддржувач. Банката што ќе ја изберете денес може да игра клучна улога во обликувањето на финансиската иднина на вашето дете. Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни финансиски трансакции и притоа внимавајќи на корпоративната општествена одговорност.

Избирањето банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на развојот на младите е клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. На младите покрај тоа што им е потребно да имаат безбедно место за своите финансии, потребно им е и да се стекнат со знаења и вештини со кои ќе се подготват за животните предизвици што се пред нив. Денешните млади генерации се технолошки писмени, па затоа тие преферираат банка што нуди модерни дигитални услуги.

- Advertisement -

Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет Halk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на еден современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash. Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

- Advertisement -

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисни општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.

Halk EZ има и посебна брендинг приказна чиј главен мотив е фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, како локација која со генерации претставува синоним за дружење и социјализација на младите. Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.

Сподели!
- Advertisement -