Карбонаирес и Македонија почнуваат ново партнерство за градење на цврсти волонтерски пазари на јаглерод

- Advertisement -

Компанијата за управување со резерви на јаглерод Карбонаирес со седиште во Лондон потпиша Меморандум за разбирање со Република Северна Македонија во форма на револуционерно јавно – приватно партнерство за изградба на цврсти волонтерски пазари на јаглерод (ВПЈ) во земјата.

Овој важен договор означува значаен чекор напред кон справувањето со климатските промени, не само во Северна Македонија, туку се наметнува и како потенцијален модел за другите регионални и меѓународни подрачја. Со ова иновативно јавно-приватно партнерство се воспоставува потенцијален преседан на светската сцена, носејќи нов модел за ефективна соработка меѓу владите и приватните субјекти во изградбата на цврсти Волонтерски пазари на јаглерод.

- Advertisement -

Во постигнувањето на ваквиот важен договор преку преговори што траеја една година, во голема мера помогна и Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир Холдинг и почесен конзул на Северна Македонија во Турција.

Договорот се фокусира на две клучни цели и тоа да се воспостави цврста регулаторна работна рамка за ВПЈ и спроведување на ВПЈ проект со висок интегритет во Македонија. Двете страни ќе соработуваат во анализата и зајакнувањето на постоечката правна работна рамка која ја спроведуваат ВПЈ, изградена според националното законодавство и стратегиите за климатски промени. Со тоа ќе се обезбеди поголема транспарентност и усогласување со најдобрите меѓународни практики и ќе постават највисоки стандарди за интегритет на сопствените ВПЈ на земјата. Во консултација со Владата, избраниот проект може да содржи иницијативи за отстранување на јаглеродот од воздухот, како на пример преку пошумување, производство на биочар или засилено заробување на јаглеродот и негово складирање во карпи. Сите иницијативи се со цел да се генерираат јаглеродни неутрализатори со висок квалитет и висок интегритет.

- Advertisement -

Непосредното активирање на Меморандумот ја потенцира посветеноста на двете страни за постигнување брз напредок во временска рамка во рок од една година, воспоставена за заедничко изработување и имплементирање на договорените активности. Во таа насока е и обраќањето на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, според кого развојот на  волонтерски пазари на јаглерод ја отсликува посветеноста на Северна Македонија во постигнување на јаглеродна неутралност.

„Ова партнерство е значаен чекор во процесот на декарбонизација на нашата нација. Република Северна Македонија верува дека јавните приватни партнерства се клучот за отворање на Волонтерски пазар на јаглерод, преку нашата соработка со Карбонаирес. Ваквото дејствување обезбедува нови работни места и подобар квалитет на воздухот на краткорочен и долгорочен план. Се работи за лидерство и политичка спремност да се зграпчи зелената економска иднина на регионално и меѓународно ниво. Сите имаме обврска да управуваме со природните ресурси на нашата земја за идните генерации. Мора да имаме доволно храброст да преземеме вакви чекори сега, а не на некој иден датум,  кој може да биде и предоцна“ порача Битиќи.

- Advertisement -

Со ова партнерство, Карбонаирес ќе го прошири својот глобален опсег и ќе изгради подобро регионално искуство преку понатамошно зајакнување на својата позиција како водич во  Волонтерски пазари на јаглерод. Задоволство од постигнатиот договор искажа и Есер Џевахир, почесен конзул на Северна Македонија во Турција.

„Среќни сме што стануваме партнери со Карбонаирес во оваа револуционерна иницијатива. Веруваме дека ова јавно приватно партнерство има потенцијал не само да го води патувањето кон јаглеродна неутралност во Република Северна Македонија, туку и да го поплочи патот за трансформирачки пристап во изградбата на Волонтерски пазари на јаглерод на регионално и глобално ниво“ посочи  Џевахир.

За Расих Озтуркмен, извршен директор и основач на Карбонаирес оваа соработка е клучен момент во мисијата на компанијата да поттикне ефективна климатска акција преку робусни Волонтерски пазари на јаглерод регионално и меѓународно.

За Карбонаирес:

Карбонаирес е основана во 2021 од група претприемачки инвеститори и ЕСГ амбасадори за финансирање на проекти со висок квалитет и висок интегритет за намалување на јаглеродот. Преку нивниот докажан постоечки модел, компанијата обезбедува финансии за претпријатија кои демонстративно го намалуваат јаглеродот во атмосферата, а за возврат им помагаат на бизнисите да ја зајакнат нивната финансиска положбаОдобренијата за јаглерод генерирани преку проекти им се достапни за купување на претпријатијата кои имаат спроведено транспарентен и проверен план за намалување на јаглеродот.

Сподели!
- Advertisement -