Иднината на монетарните трансакции, зајакнувањето на плаќањата преку прифаќање на методите, поддршката за малите и средни претпријатија и имплементацијата на вештачката интелигенција во дигиталните финансиски текови, беа само дел од темите за кои се разговараше на Visa SEE Бизнис Форумот 2024. Годишната конференција, која се одржа во Котор, беше посветена на технолошките иновации во платните системи и финансиската вклученост, собра над 120 истакнати претставници од финансиската индустрија на шест пазари во Југоисточна Европа, вклучувајќи клиенти и експерти од Visa ширум светот.
Некои од клучните трендови за SEE во модерните плаќања, покажуваат дека безготовинското плаќање низ регионот бележи раст за 30% во 2023 година, што претставува зголемување од 74% во токенизираните трансакции. Исто така, има зголемување од 16% во трговските локации, кои користат POS системи.
„Виза е присутна во регионот на Југоисточна Европа повеќе од 40 години. Нашите заеднички напори со владите, регулаторите, финансиските институции и партнерите, резултираа со значајни достигнувања во развојот на дигиталната економија во регионот. Бројот на Visa картички се зголеми за 14% во споредба со 2022 година, со 15 милиони нови Visa картички воведени низ CISSEE пазарите. Гледајќи напред, ние сме посветени на понатамошно проширување на мрежата, за прифаќање за лесни и сигурни дигитални плаќања во Југоисточна Европа, како и промовирање на дигиталната трансформација на локалната економија преку иновации“, вели Кристина Дорос, Сениор Потпретседател и Групациски Менаџер CISSEE во Visa (Senior Vice President and Group Country Manager CISSEE, Visa).
Учесниците на конференцијата беа вклучени во разговори во врска со дигиталниот напредок на регионалната заедница, додека претставниците на Visa ги покажаа значајните резултати постигнати во текот на четиридеценискиот бизнис на компанијата во регионот на Југоисточна Европа.
„Продолжуваме да бидеме иновативни и да ги зајакнуваме корисниците со дигитални, безбедни трансакции, кои имаат клучна улога во модернизацијата на плаќањата во регионот. Задоволна сум што нашиот Форум оваа година го постигна токму тоа – убедувајќи ги клиентите и партнерите дека платежната индустрија се развива побрзо од кога било и дека ние се развиваме со неа, обезбедувајќи им бескрајни можности да се подобрат и да бидат конкурентни во нивните бизниси“, изјавиАна Драшковиќ, Потпретседател и Генерален Менаџер на Visa Југоисточна Европа (Vice President and General Manager, Visa Southeast Europe).
Visa, исто така, претстави нови карактеристики на картички и дигитални иновации, кои ќе ги воведат потрошувачите и трговците до поприспособена, поудобна и побезбедна иднина. Visa Pay им овозможува на банките брзо да распоредат нови иновативни решенија, вклучувајќи дигитално издавање, иницирање плаќања, плаќање на допир (tap-to-pay), управување со измами и ризик, платформи за паричник и многу повеќе. Visa Flexible Credential овозможува со една единствена картичка-производ да се функционира со префрлање помеѓу начините на плаќање, ставајќи ја моќта на избор во рацете на потрошувачот. Visa Payment Passkey го потврдува идентитетот без да го прекине искуството за наплата и ја зголемува безбедноста додека ги намалува предизвиците при плаќање онлајн, на кој било уред или веб-локација, на глобално ниво.