Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

- Advertisement -

Пред поголем број учесници, КИБС и Nextsense на 21 март успешно го реализираа најавениот интерактивен вебинар „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“.

Во едночасовната дискусија, говорниците Сузана Тасевска од КИБС и Виктор Крстевски од Nextsense имаа можност да покријат повеќе теми од областа на електронскиот идентитет, начин на добивање и верификација, примери за практична примената во бизнис-процеси и имплементација на услугата OneID во компаниите.

- Advertisement -

Присутните имаа можност преку демо-презентација да добијат повеќе информации за процесот на креирање на OneID за корисниците чекор по чекор, како и да се уверат во нејзината функционалност и едноставна примена.

„OneID функционира како електронска лична карта што корисникот ја користи онлајн. ОneID e целосен еквивалент на личната карта и пасошот што се користат при физичкото присуство на клиентите. Целта на услугата OneID e да постигнеме една идентификација насекаде каде што електронските услуги што ги нудат давателите се интегрирани со неа“, потенцираше Сузана Тасевска.

- Advertisement -

Посебно внимание беше обрнато на едноставниот процес на интеграција на OneID, а говорниците, исто така, ја потенцираа и можноста за компаниите да изберат свој имплементатор на услугата, независно од издавачот или давателот на доверливи услуги.

„Таков пример се неколку банки што дел од услугите ги имплементираа со постоечки партнери, без потреба од какви било софтверски решенија обезбедени од КИБС или од Nextsense. Тоа беше и една од целите при развој на услугата затоа што знаевме дека ќе има огромен интерес доколку овозможиме независен развој на дигитални канали што ќе го интегрираат овој сет на услуги што ги обезбедуваме“, нагласи Крстевски.

- Advertisement -

При крајот на вебинарот, присутните добија одговори на своите прашања и упатства за понатамошна комуникација за тоа како да го направат првиот чекор кон имплементација на услугата во својата работа. Сите заинтересирани што не беа во можност да учествуваат на вебинарот во живо, снимката може да ја погледнат на следниов линк: https://youtu.be/JsxIpRq8K1g

Сподели!
- Advertisement -