Барселона сака да ги забрани несоодветните сувенири

- Advertisement -

Од отворачи за шишиња во форма на фалус до чаши во облик на женски гради и магнети со различни форми, сувенирите никогаш не е тешко да се најдат во туристичките места. Но, еден европски град сака да донесе прописи за тоа колку овие подароци можат да бидат невкусни.

Градскиот совет на Барселона размислува за забрана за изложување и продажба на сувенири кои се „навредливи или невкусни“. Ова би вклучувало производи кои содржат „хомофобична или сексистичка“ содржина.

- Advertisement -

Еден локален советник ги нарече тезгите и продавниците кои ги рекламираат овие стоки „мешана каша“ што го деградира градот. Хорди Коронас го критикуваше лошиот вкус на сувенирите изложени на улиците на Сијудад Вела, најстариот кварт во градот Барселона.

Тука спаѓаат „пениси и маици со брендови на Барселона со сексистички, хомофобични или едноставно пораки со лош вкус“.

- Advertisement -

„Ваквите сувенири ги девалвираат најпосетуваните улици во Барселона. Тие се излитена збрка, што го понижува имиџот на Барселона како туристичка дестинација“ рече Коронас.

На почетокот на оваа недела Коронас и другите советници презентираа предлог за регулирање на сувенирите. Предлогот на партијата Ескуера, која се залага за независност, беше одобрен од економската комисија на градскиот совет, дозволувајќи им да размислат за забрана на навредливите сувенири.

- Advertisement -

Ова се случува само една недела пред почетокот на прославата на гордоста во градот.

Заменик-градоначалникот на Барселона за економија, Жорди Валс, наводно, ја поддржува иницијативата и ветил дека градската влада ќе разгледа начини да го ограничи изложувањето и продажбата на такви сувенири.

Сепак, тој предупреди дека ќе биде тешко да се донесат конкретни правила бидејќи сегашните прописи не можат да постават никакви регулаторни критериуми за содржината или естетскиот квалитет на сувенирите.

„Тешко е да се стандардизира бидејќи она што се смета за непријатно е прашање на многу голема субјективност“, рече тој.

(Flickr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -