Научно докажано: тешката депресија се лекува со виртуелна реалност

- Advertisement -

Десетици милиони луѓе ширум светот имаат сериозни депресивни пореметувања. Вклучувањето во секојдневни активности звучи многу тешко ако имате депресија, но бројни истражувања покажале дека поттикнувањето на луѓето да излезат, да вежбаат, да се дружат, да волонтираат може да помогне во ублажувањето на симптомите на оваа сериозна болест.

Така, истражувачи од Универзитетот Стенфорд открија дека занимавањето со вообичаени активности во системи за виртуелна реалност дава исти резултати во лекувањето на депресијата како и вршењето на истите активности во реалниоста. Тие што се толку депресивни за да се не осмелат да излезат од дома ваквата терапија може да ги мотивира да се активираат и дури и да излезат надвор од својот дом.

- Advertisement -

Студијата за ова е објавена во списанието JMIR Mental Health.

Користењето виртуелна реалност едноставно е ефикасно во лекувањето на симптомите на депресијата, велат истражувачите од Неуробихејвиоралната клиника и програмата Виртуелна реалност и имерзивни технологии на Универзитетот Стенфорд. Тие правеле терапија со помош на виртуелна реалност, која на пациентите им овозможила да учестуваат во низа активности како што се пинг понг или мини голф, прошетки низ градови, посети на претстави и музеи и сл.

- Advertisement -

Порграсмата за виртуелна реалност на Стенфорд подолго време проучува различни начини на лекување на менталнитењ болести со помош на платформи за вирутелна реалност, во кои со омош на симулирани тридимензионални средини се терапираат пациентите.

Во нивните тестови била користена платформата Meta Quest 2 преку игри, видеа од патувања, но и VR часови по фитнес, програми за четување и разни образовни апликации. После четири недели таква терапија било забележано значител но ублажување на симптомите на депресија кај пациентите.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -