Оваа земја е најприфатлива за живеење на иселениците

- Advertisement -

Најприфатлива земја за живеење на иселениците во 2024 година е Виетнам, а потоа следат Колумбија и Индонезија. Ова го покажува истражувањето спроведено меѓу повеќе од 12.000 иселеници од 174 земји и територии ширум светот. InterNations побара од испитаниците да го рангираат своето задоволство од општите трошоци за живот и личните финансии во одредена земја, а Виетнам се најде на врвот на листата од 53 дестинации четврта година по ред.

На четвртото и петтото место на оваа листа на земји поволни за иселениците се Панама и Филипините, додека Индија го зазеде седмото, а Мексико на осмото место. Во првите десет се и Тајланд, Бразил и Кина.

- Advertisement -

Посебно место зазема регионот на Југоисточна Азија, кој има четири претставници на оваа листа, поточно Виетнам, Индонезија, Филипини и Тајланд.

Повеќето иселеници се согласуваат дека е лесно да се најде сместување во овие земји и дека се задоволни од тоа колку е достапно“, рече Кетрин Чудоба, маркетинг директор на Internationals.
Луѓето кои сакаат да се преселат во друга земја треба да земат предвид други фактори како што се квалитетот на животот или здравствената заштита, но сигурно е дека Виетнам е најбуџетската дестинација, се додава во извештајот.

- Advertisement -

Извор – B92

Фото – Clay Gilliland, CC BY-SA 2.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0, via Wikimedia Commons

Сподели!
- Advertisement -