SpaceX идната година ќе го лансира првиот јужнокорејски шпионски сателит

- Advertisement -

Јужна Кореја се подготвува за испраќање во вселената на својот прв шпионски сателит, а во тоа ќе и помогне компанијата SpaceX и Илон Маск. Како што расте опасноста од глобален конфликст, така и глобалните играчи градат модерна разузнавачка инфраструктура која може независно да функционира.

Токму поради тоа Јужна Кореја ќе го лансира својот прв шпионски сателит од домашно производство, а тоа ќе се случи во 2023 година со помош на ракетата Falcon 9 на Илон Маск. Поточно, лансирањето е планирано за крајот на идната година, а Јужна Кореја планира да испрати пет такви сателити до 2025 година.

- Advertisement -

Изгледа дека американските сојузници во Азија веќе се подготуваат да преземат поголема одговорнсот во заедничката одбрана на регионот. Договорот за лансирање на салетитот веќе е потпишан меѓу SpaceX и јужнокорејскиот дрѓавен истражувачки институт. Шпионскиот сателит на крајот на идната година ќе биде ласниран од САД.

Јужна Кореја од 2017 година работи на овој проект наречен „425“, кој вреди 970 милиони долари и чија задача е да ја подобри можноста за извидување и да ја минимизира зависноста на земјата од сојузници како САД. За да се случи тоа Јужна Кореја мора да лансира и воени сателити, а еден веќе беше лансиран во јули 2020 година исто така со ракетата Falcon 9 на Илон Маск.

- Advertisement -

Кога сателитите ќе бидат оперативни, јужнокорејскиот одбранбен систем ќе може да си следи воените активности во Северна Кореја, а целта е Јужна Кореја да ја зголеми и својата можност за истражување на вселената. Во март беше тестирана првата нивна ракета на тврдо гориво, а наменета е за испраќање мали сателити во ниската орбита на Земјата со цел вршење надзор.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -