Научниците пронајдоа микропластика во примероци од генитално ткиво од шест мажи третирани за еректилна дисфункција. Откритието покренува прашања за последиците од загадувачите на животната средина врз сексуалното здравје, велат научниците од Универзитетот во Мајами и германскиот истражувачки центар Хелмхолц-Центрум Хереон.
Микропластиката најчесто е нуспроизвод на пластичниот отпад кој безгрижно се распаѓа во природата. Фрагментите микропластика кои ги откриле научниците се со дијаметар до 5 милиметри или со големина на зрно ориз.
Сеприсутниот загадувач влегол во атмосферата, слатководните и копнените екосистеми и навлегува во морската храна, морската сол и флашираните пијалаци, велат истражувачите.
Истражувањето е објавено во весникот The International Journal of Impotence Research, помалку од еден месец откако тим научници од Универзитетот во Ново Мексико открија микропластика во тестиси на луѓе и кучиња. Други неодамнешни истражувања покажаа дека дури и помалите пластики, нанопластиките, влегуваат во човечката крв и преминуваат од мајка на бебе во утробата.
Според неодамнешното соопштение на Европскиот парламент, количината на отпад од пластична амбалажа во Европската унија се зголемила од 66 милиони тони во 2009 година на 84 милиони тони во 2021 година.
Други проценки покажуваат дека годишното глобално количество пластичен отпад надминува 400 милиони тони годишно. Во последните години богатите земји беа обвинети дека извезуваат ѓубре на депониите во Азија за отстранување, што всушност го шири загадувањето со миркопластика.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)