После десет месеци патување со електричен автомобил авантуристи стигнаа од Северниот до Јужниот пол

- Advertisement -

Откако со Nissan Leaf во 2017 годиан го завршиле релито Монгол, што е патување од околу 16.000 км, за што им биле потребни 56 дена, шкотските авантуристи Крис и Џули Ремзи почнале да ја планираат својата наредна електрична авантура. Плабот бил многу амбициозен – со електричен автомобил да го поминат патот од Северниот до Јужниот пол. Не само што тоа никој не супеал да го направи со електричен автомобил, туку никогаш никој не го направил ниту со класичен автомобил на бензин или дизел.

Додека за многумина ваквиот предизвик изгледа невозможен, шкотскиот пар се одлучил да го реализира и после 10 месеци патување и поминат 30-ина илјади километри, тие успеале во тоа.

- Advertisement -

Тие на својата авантура тргнале од северниот магнетен пол на заледеното арктичко море. Ја поминале Северна, Централна и Јужна Америка, а патувањето го завршиле на Антарктика, односно на Јужниот пол. За своето патување го користеле автомобилот Nissan Ariyа, електрично возило на кое е направена само модификација на гумите, додека самиот мотор и батеријата биле исти. Со сменетите гуми и опремата која на понеле со себе, досегот на автомобилот бил од 240км до 320 км со едно полнење, што е помалку од 435 км кои овој автомобил може да ги помине во нормални услови.

Што се однесува на полнењето на батеријата, возењето по Северна Америка било едноставно затоа што имало многу достапни полначи, но во Централна и Јужна Америка имале потреба од партнери. Исто така, во текот на патувањето користеле и ветротурбина од 5 kW и прототип на хибридно решение за полнење, а кога не било доволно или возможно, тогаш користеле бензински генератот.

- Advertisement -

По завршувањето на долгата експедиција Крис и Џули Ремзи биле пресреќни.

„Не можеме да веруваме дека сме на Јужниот пол. После толку години планирање изгледа нереално. Секогаш имав доверба во неверојатните можности на електричните возила и знаев дека нашата Nissan Ariya може да ги издржи сите предизвици, но беше потешко отколку што очекував“ ја коментира Крис оваа авантура.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Nissan)

Сподели!
- Advertisement -