Montblanc претстави нова колекција на луксузни пенкала во чест на Олимписките игри

- Advertisement -

Германскиот производител на луксузни интрументи за пишување и аксесоари Montblanc ја претстави новата колекција Meisterstück x Olympic Heritage, во чест на 100-годишнината од првото Meisterstück пенкало во 1924 година, истата година кога Летни олимписки игри претходно се одржаа во Париз и кога се одржаа првите Зимски олимписки игри.

Колекцијата се состои од четири пенкала во различни бои. Новото Meisterstück x Olympic Heritage Paris 1924 го доловува духот на летните игри со својата топла црвена боја, релфлектирајќи ја официјалната боја на настанот таа година. На рачно изработениот врв од злато е гравиран фрлач на копје инспириран од стар олимписки постер. На капачето се гравирани олимписките прстени и ловоров венец – симбол на победата во античките Олимписки игри.

- Advertisement -

Во чест на првите Зимски олимписки игри, одржани во Шамони во сенката на алпскиот врв Мон Блан, е претставено изданието Meisterstück x Olympic Heritage Chamonix 1924. Моделот е достапен во три бои: класично сино-сиво издание кое алудира на официјалната боја на игрите, сребрено издание со целосно изгравирано тело и комбинирано сиво-сребрено издание со изгравиран планински пејзаж. Секое пенкало има рачно изработен златен врв на кој е прикажан ски-скокач.

Колекцијата ја комплетираат шишенца со црвено и сино мастило, како и специјален нотес со графика и типографија инспирирани од визуелниот идентитет на Олимписките игри во 1924 година.

- Advertisement -

Со цена помеѓу 530 и 2.075 долари, овие изданија се достапни преку веб-страницата на Montblanc и во официјалните бутици на брендот ширум светот.

Официјални застапници за производите на Montblanc во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.

Сподели!
- Advertisement -