Откриено како соларните панели можат да произведуваат енергија и ноќе

- Advertisement -

Соларните панели се користат за од сончевата енергија да се добие електрична енергија, но кога го нема Сонцето, нема ни електрична енергија. Но, можеби и не е баш така. Имено, научници од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија осмислија соларни панели кои создаваат електрична енергија и ддње и ноќе.

Класичните соларни панели создаваат енергија кога сонцето ги загрева соларните ќелии. Соларните ќелии кои ги направија научниците од Стенфорд го користат фактот дека соларните ќелии во текот на ноќта се потопли од околината и со помош на темоелектричен генератор успеале од нив да добијат енергија и ноќе.

- Advertisement -

Соларните панели се покажале многу ефикасни термални радијатори, вели еден од авторите на проектот, Шанхуи Фан. Модифицираните соларни панели во текот на ведрите ноќи можат да создадат 50 миливати електрична енргија по квадратен метар. Тоа е само 0,04% од производството во текот на еден сончев ден, но е доволно за напојување на уреди како ЛЕД сијалици или полнач за телефон.

Фан и неговиот тим велат дека моменталното ноќно производство на енергија кое го добиле од соларните панели е премало за комерцијална примена. Тој појасни дека ноќе произведената енергија може да напојува само мали потрошувачи на струја и може да биде корисна во системи кои не се поврзани со класични системи на класични електрични мрежи.

- Advertisement -

Но, уверени се дека можат да го подоброат производството ноќе и дека еден ден нивниот систем може да биде спремен и за комерцијална употреба.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -