Со одлуката на регулаторите се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на актуелните.
Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 денар за литар, а на дизелот се намалува за 1,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката на регулаторите се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на актуелните.
Од полноќ цена на „еуросупер-95“ ќе изнесува 83 денари, а на „еуросупер-98“ ќе изнесува 85 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 75,5 денари.
Според одлуката на РКЕ малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се се намали за 2,00 денар и ќе изнесува 73,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг.