- Advertisement -
Европската централна банка на денешната седница ги задржа каматните стапки непроменети. Во образложението ЕЦБ наведува дека ценовните притисоци се се уште високи.
„Монетарната политика ги задржува условите за финансирање рестриктивни. Во исто време, домашните ценовни притисоци се сè уште високи, инфлацијата на услугите е зголемена, а вкупната инфлација веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, се вели во соопштението на Управниот совет.
- Advertisement -
Одлуката – задржување на основната каматна стапка на 3,75 проценти – беше широко очекувана во услови на постојана загриженост за инфлаторните притисоци, особено од пазарот на трудот.
Фото – Flickr
- Advertisement -